Monday, March 16, 2026

Светски ден на математиката 2026 во нашето училиште 📐(International Pi day - March 14th)

Со многу ентузијазам, креативност и тимска работа, учениците од ООУ „Ацо Шопов“ - Бутел, Скопје, под водство на своите наставнички Весна Јакимовска, Дара Драгановска, Елена Златкова и Јасминка Михајловска, на 12ти март, четврток, го одбележаа Светскиот ден на математиката 2026 преку повеќе интересни активности.

Учениците изработуваа креативни постери инспирирани од математиката, заеднички го креираа познатиот број π (Пи) со помош на ученици, користеа AI за претставување на своите идеи, а особено интересно беше откривањето на скриени пораки на тема „Математика и надеж“ со помош на математички декодер. 
Некои од пораките кои ги открија беа: 

  1. Математиката ги трансформира прашањата во надеж.
  2. Малите броеви создаваат големи можности.
  3. Математиката ни помага да ја разбереме иднината.
  4. Човештвото стигна до ѕвездите со помош на математиката.

Дел од пораките беа и на англиски јазик:

  1. Mathematics inspire solutions and hope.
  2. Calculations turn problems into progress.
  3. Logic builds bridges to tomorrow.

Преку овие активности учениците покажаа дека математиката не е само предмет, туку и начин на размислување, креативност и надеж за решавање на предизвиците во иднината.

Горди сме на нивната љубопитност, соработка и желба за учење! 📊✨
#idm314 

Ве каниме да ја погледнете галеријата од активностите: 

































Светски ден на математиката 2026 во нашето училиште 📐(International Pi day - March 14th)

Со многу ентузијазам, креативност и тимска работа, учениците од ООУ „Ацо Шопов“ - Бутел, Скопје, под водство на своите наставнички Весна Јак...