Со многу ентузијазам, креативност и тимска работа, учениците од ООУ „Ацо Шопов“ - Бутел, Скопје, под водство на своите наставнички Весна Јакимовска, Дара Драгановска, Елена Златкова и Јасминка Михајловска, на 12ти март, четврток, го одбележаа Светскиот ден на математиката 2026 преку повеќе интересни активности.
Учениците изработуваа креативни постери инспирирани од математиката, заеднички го креираа познатиот број π (Пи) со помош на ученици, користеа AI за претставување на своите идеи, а особено интересно беше откривањето на скриени пораки на тема „Математика и надеж“ со помош на математички декодер.
Некои од пораките кои ги открија беа:
- Математиката ги трансформира прашањата во надеж.
- Малите броеви создаваат големи можности.
- Математиката ни помага да ја разбереме иднината.
- Човештвото стигна до ѕвездите со помош на математиката.
Дел од пораките беа и на англиски јазик:
- Mathematics inspire solutions and hope.
- Calculations turn problems into progress.
- Logic builds bridges to tomorrow.
Горди сме на нивната љубопитност, соработка и желба за учење! 📊✨
#idm314
Ве каниме да ја погледнете галеријата од активностите:
































No comments:
Post a Comment